Елиф Елмас е јунакот на Наполи во вчерашната победа над Торино од 2-1, со која тимот е блиску да обезбеди пласман во Лигата на шампионите идната сезона.
Македонскиот „дијамант“ погоди од волеј во мрежата на својот екс клуб, и така донесе важен триумф за екипата на Антонио Конте. А, тренерот на Наполи не штедеше зборови по натпреварот да Елмас, за кого кажа дека треба да му се изгради статуа.
„Да не го заборавиме Елиф Елмас. Оваа година можеби треба да му подигнеме статуа. Тој го разбира фудбалот, тој е разновиден играч кој може да игра како централен играч за врска и како офанзивен играч за врска. Тој е играч кој навистина нè изненадува, и за среќа го најдовме“, изјави Конте.
Ова оди во прилог на македонскиот фудбалер, кој по завршувањето на сезоната ќе треба да се врати во Лајпциг, од каде е позајмен, но многу веројатно е дека Наполи ќе го откупи неговиот договор по добрите партии оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

