Конте за конфликтот со Лаутаро: Добар играч, можеби лично не го познавав многу

Тренерот на Наполи, Антонио Конте проговори по победата од 3-1 против Интер во натпреварот од 8-то коло од Серија А. Истакна задоволство од победаа, против, како што рече, во моментов најдобриот тим во Италија. 

Конте истакна дека тимот одлично одговорил после двата порази од Торино во Серија „А“ и против ПСВ во Лигата на шампионите.

„Ја доживувам играта со моите играчи дали е таа добра или лоша, а игравме против најдобриот тим во Италија. Тие загубије неколку бодови досега. Неслучајно стигнаа двапати до финалето во Лигата на шампионите. Интер дојде тука да ни нанесе нов удар, затоа што дојдоа во одлична форма, наспроти нас кои имавме два порази по ред. Но, ние немавме намера да се предадеме. И покрај сите проблеми, одигравме одличен меч“, рече Конте.

Исто така, имаше момент на вистинска тензија кога Конте доби жолт картон за неговата улога во расправија покрај аут-линијата во која беа вклучени Дензел Дамфрис и особено Лаутаро Мартинез, при што тренерот размени неколку прилично остри гестови со капитенот на Интер.

„Кога играте натпревари на ова ниво, вакви работи можат да се случат. Само сакам да му потсетам на Интер дека го вратив Скудетото во клубот по 10 години, вклучувајќи девет последователни титули за Јувентус, и знаете што тоа значи за мене. Имам многу убави спомени од тој период. Лаутаро е многу добар играч, можеби лично не го запознав толку добро. Му посакувам се најдобро, сè е во ред“, истакна тренерот на италијанскиот првак. 

Се вчитува...