И покрај тоа што се наоѓа пред освојување на Скудето, Антонио Конте би можел да си замине од Наполи. Се погласни се шпекулациите дека Конте повторно ќе го преземе кормилото на Јувентус, а тоа би значело дека Наполи ќе мора да бара нов тренер.
Според „Туто Меркато“, незадоволството на Конте од трансферите и пред се продажбата на Кварацхелија, ќе придонесат тој да си замине од Наполи.
Истото издание додава дека Наполи веќе почнало контакти за нов тренер, а прв пик наводно на претседателот Аурелио де Лаурентис е Масимилијано Алегри, екс тренерот на Милан и на Јувентус. Со него, Де Лаурентис има одлични односи, и нема да биде изненадување ако го ангажира за следната сезона.
Наполи во моментов се на чело на табелата, со реални шанси да дојдат до титулата на три кола до крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

