Конте зема година одмор… да ги троши парите на Абрамович

Антонио Конте нема намера да води нов клуб откако ќе добие отказ од Челси и ќе чека да истече неговиот договор со лондонската екипа, што му гарантира исплата од 10 милиони евра во следните дванаесет месеци. Британските медиуми најавија дека „сините“ веќе постигнале договор со Маурицио Сари за седнување на клупата за наредната сезона, но Абрамович најпрвин ќе треба да најде начин да се договори за пријателска разделба од Конте.

Тоа би значело намалување на сумата за исплата, за Конте да има можност веднаш да работи во нов клуб, но трофејниот стручњак воопшто не е заинтересиран за разговори на таа тема. Италијанскиот весник „Кориере дело спорт“ објави дека тој веќе донел одлука за да одмори од тренерската работа и да се посвети од семејството, кое поголемиот дел од неговиот ангажман во Лондон го мина во татковината.

Во ситуација кога врвните клубови веќе ги објавија тренерите за наредната сезона, Конте ќе си земе една година одмор и ќе го чека наредното лето, кога сигурно ќе биде сериозна опција секаде каде ќе се испразни тренерско место. А во меѓувреме, ќе ги троши десетте милиони евра од Роман Абрамович.

Се вчитува...