Второлигашот Македонија Ѓорче Петров стигна до победа над прволигашот Работнички од 0-2 во контролен натпревар одигран денеска. „Лавовите“ до водство од 0-1 стигнаа со автоголот на Гандо во 6. минута, додека конечните 0-2 ги постави Стоилов во 54. минута.
Најтрофејниот фудбалски клуб Вардар одигра реми без голови 0-0 против Скопје.
Без победник 1-1 заврши и пријателскиот дуел меѓу Беса и Башкими. Стрелец на голот за Беса беше Илирид Адеми, додека голот за Башкими го постигна Хусеин Демири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА