Репрезентативната пауза македонските фудбалски клубови ја искористуваат за контролни натпревари со кои ќе ја задржат формата за продолжението од сезоната на домашен план.
Тетовска Шкендија славеше со убедливи 1-3 против Беса. Стрелци на головите за тетовци на овој меч беа: Јакупи, Ибраими и Рамадани. Стрелец на единствениот погодок за Беса беше Алими.
Убедлив триумф (0-3) славеше и Шкупи против Арсими. Головите за тимот од Чаир ги постигнаа Кадриу, Јумеми и Тамба. До убедлив триумф стигна и Гостивар кој славеше со 4-1 против Македонија ЃП, а во листата на стрелците се запиша и Набил Дирар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА