КОНТРОЛНИ НАТПРЕВАРИ: Пелистер го наполни Новаци, реми на Силекс и Башкими

Фудбалските клубови од Првата и Втората фудбалска лига на Македонија ги почнаа подготовките за новата сезона во мак-фудбалот. Новиот прволигаш Пелистер славеше убедливо во својата прва контрола против Новаци со 5-0.

Стрелци на головите за битолчани беа Ивановски, Спиркоски на двапати, Масевски и Керим.

Силекс и Башкими одиграа без победник 1-1, додека Детонит Плачковица загуби од српскиот Трајал Крушевац со убедливи 0-4.

Се вчитува...