KOНТРОЛНИ НАТПРЕВАРИ: Порази на Струга ТЛ и АП Брера во Анталија

Македонските фудбалски прволигаши продолжуваат со подготовките за пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ.

Актуелниот шампион Струга Тл во голеада во Анталија загуби од Лоѓ со 3-4. Полскиот тим дојде во водство од 1:0 во 7.минута, а Радески во 23.минута израмни на 1-1. Лоѓ повторно дојде во водство, но Ибраими со гол во 39.минута носи резултатски егал. Истиот играч со гол од пенал во 57.минута донесе водство на стружани од 3-2. Сепак до крајниот клубот кој се натпреварува во полската Есктракласа успеа со два гола да дојде до победа.

АП Брера забележа нов пораз на подготовките во Анталија откако загуби од Атарау од 2-1. Стрелец за струмичани беше Матеј Цветаноски.

Се вчитува...