Работнички го совлада Вардар со 2-1 во контролен натпревар кој денеска се одигра на терените на Работнички во градскиот парк. Гандо Бијала во втората минута го доведе Работнички во водство, а израмни Никола Величковски во 58.минута.
Победничкиот погодок за Работнички го постигна Марио Станковски со одличен шут од 15 метри во 74.минута од дуелот.
Контролен натпревар одиграа и Академија Пандев и Детонит Јуниор во кој гостите славеа со 2-3, додека Воска беше подобра од Струга ТЛ со 4-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА