Македонските фудбалски клубови стартуваа со подготовките за новата сезона во Првата и втората фудбалска лига.
Пелистер и Силекс одиграа без победник 2-2. Стрелци на головите за битолчани беа Бојан Спиркоски и Андреј Силјановски, додека головите за кратовци беа дело на Ефтимов и Маронг.
Со истиот резултат заврши и мечот меѓу Шкупи и турскиот Генчлебирлиги. Шкупи на двапати водеше со головите на Гронер во 54. и 83. минута, но сепак на крај не успеа да стигне до триумф.
Oхрид славеше со минимални 1-0 против Фљамуртари. Стрелец на голот за охриѓани беше Самед Кадриоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА