КОНТРОЛНИ НАТПРЕВАРИ: Шкендија Арачиново подобра од Работнички, Силекс без голови против украинска Кудривка

Македонските фудбалски клубови продолжуваат со подготовките за пролетниот дел од сезоната во мак-фудбалот.

Работнички загуби од Шкендија Арачиново со 1-2 на пријателски меч што се одигра во Скопје. Владимир Жоглев ја доведе Шкендија Арачиново во водство во осмата минута, а израмни Сухељ Мухарем од пенал во 15.минута. Победничкиот гол го постигна Ливарека во 62.минута од мечот.

Во четвртиот пријателски натпревар во Анталија, Силекс одигра без голови 0-0 против украинската Кудривка. Во Анталија пак до победа стигна Тиквеш кој славеше со 2-1 против Токтогул. Стрелец за кавадарчани беше Сила.

Се вчитува...