Aктуелниот шампион на Македонија, Шкендија загуби во контролата против словачка Подбрежова со 1-2 како дел од подготовките кои нашиот тим ги има во турскиот туристички центар Анталија.
Тетовци имаа водство на полувреме од 1-0 со голот на Бесарт Ибраими, но Словаците со два гола во вториот дел успеаја да стигнат до триумф.
Исто така во Анталија, Тиквеш одигра реми 1-1 против Славија Софија. Стрелец на голот за кавадарчани беше Стојанов.
Во меч кој се играше во скопската населба Ѓорче Петров, домашната Македонија одигра реми без голови против Шкупи. Реми (1-1) одиграа и Кожуф и Беласица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

