Македонските фудбалски прволигаши и второлигаши полека, но сигурно ги привршуваат подготовките за продолжението на сезоната во мак-фудбалот.
Прволигашите Тиквеш и АП Брера денеска одиграа меѓусебен контролен натпревар кој заврши со победа на кавадарчани од 2-1. Головите паднаа во финишот на натпреварот а стрелци за кавадарчани беа Рушту Јонус и Александар Мишов.
Актуелниот шампион Струга ТЛ загуби од Беса со минимални 1-0. Стрелец на победничкиот гол за тимот од Добри Дол беше Шефит Шефити во 18.минута.
Второлигашот Брегалница одигра контролен дуел со Бугарски Вихрен кој заврши без победник 2-2. Стрелци на головите за Брегалница беа Томовски и Хаџи Кимов. Борец славеше 3-1 против Каменица САСА.
Шкендија Арачиново ја доби голеадата (3-2) против Арсими, додека Беласица го победи бугарски Септември со 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА