Maкедонските фудбалски клубови продолжуваат со подготовките за продолжението на сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
Силекс оствари триумф од 2-1 против грузискиот тим Динамо Батуми на контролата во Анталија. Стрелци на головите за кратовскиот тим беа Мигуел Пиреш во 58. минута и Илија Донов во 74. минута.
Струга Трим Лум го одигра последниот контролен натпревар како дел од подготовките во Анталија каде беше поразена од рускиот Сочи со 2-1.
Најдолго во Турција ќе остане есенскиот лидер Вардар, кој за утре закажа уште еден пријателски натпревар, против Сараево.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

