Македонските фудбалски прволигаши и второлигаши продолжуваат со подготвителните натпревари пресрет пролетниот дел од сезоната во мак-фудбалот.
Работнички славеше со големи 8-2 против ГФК Охрид во меч со десет гола.
Интересно, дури десет голови се постигнати на овој меч кој се одигра попладнево во Скопје. Работнички кој имаше очајна есенска полусезона, со катастрофална ефикасност, сега на првите две зимски контроли успеа да постигне неверојатни 13 голови.
Струга ТЛ одигра реми против Пахтакор од Узбекистан 1-1. Струга имаше водство од 1-0 со голот на Маудо во 88. минута кога Узбекистанците израмнија на 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

