Контролор во Втора лига, а помошен тренер на Текстилец, со закани, пцовки, навреди кон судии на мечот со Студеничани (ФОТО)

Не се никаква тајна постојаните закани, навреди, вербални па и физички напади кои ги доживуваат македонските судии за време на натпреварите од пониските лиги низ домашните натпреварувања. Но, кога заканите, пцовките и вербалните напади во текот на еден цел натпревар ќе дојдат од контролор на судењето во Втората лига, тогаш е навистина крајно опоменувачки во насока и на далеку поригорозни казни за творците на вулгарностите, како би се превенирале и далеку потешки несакани инциденти во иднина.

На денешниот дуел од првенството на ОФС Кисела Вода, меѓу екипите на Студеничани и Текстилец кој заврши со победа од 5-1 на домашните, крајно недоличен однос на помошниот тренер на Текстилец, Горанчо Фидановски, кој ете, дополнително зачудувачки, е и контролор на судењето во Втората македонска фудбалска лига. Фидановски и претходно во неколку наврати бил опоменуван од судиската организација при ФФМ за своето недолично однесување.

Според официјалниот записник од натпреварот, Фидановски, најпрво воопшто не бил пријавен во Комет системот за присуство на клупата на Текстилец на дуелот во Студеничани. Но, тоа што дополнително му било дозволено пред стартот на натпреварот го искористил за сериозни закани и навреди кон судиите на натпреварот пред крајот од првото полувреме поради што бил отстранет од теренот и испратен во публика. Но, ниту тоа не го спречило во второто полувреме да продолжи со заканите и недоличното однесување, кои пак потоа си ги продолжил и претставникот на Текстилец, Влатко Секуловски по завршувањето на дуелот.

 

„Во договор со претставникот на домаќините одлучени е да се дозволи присуство на службени лица на гостите кои не беа потврдени во Комет системот и тоа: Влатко Секуловски (претставник), Горанчо Фидановски (помошен тренер) и Дејан Секуловски (како Комет администратор). Во 40. минута кога домаќините го постигнаа 3-от погодок, од претставниците на гостинската екипа претеа и се закануваа по првиот помошен судија, Виктор Спасовски, поради што помошниот тренер Горанчо Фидановски беше отсранет од теренот за игра, во публика. Во текот на второто полувреме, во присуство на Горанчо Фидановски, од публиката во континуитет имаше претење и недолично однесување кон првиот помошен судија Виктор Спасовски. По крајот на натпреварот во просторијата за изготвување на записникот, во присуство на судиската тројка, делегатот и претставникот на домашните, Фатмир Исени, Влатко Секуловски како претставник на гостинската екипа продолжи со недоличното однесување и користење вулгарни зборови кон првиот помошен судија“ – пишува во официјалниот записник од натпреварот поднесен од делегатот на ОФС Кисела Вода.

Се вчитува...