Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино имаше контроверзна изјава околу застапувањето на својата теза за одржување на Светско првенство на секои две години.
Тој изјави дека сака организација на Мундијалите на секои две години како би можеле на африканскиот народ да му дадат надеж да не мора да го поминува Медитеранот како би дошол во Европа.
„Сакаме на Африканците да им дадеме надеж да не мора да го поминуваат Медитеранот како би нашле подобар живот. Сакаме да им дадеме можности и достоинствен живот“, изјави Инфантино.
FIFA president Gianni Infantino appears to suggest a two-year World Cup would help prevent refugees from fleeing to Europe. pic.twitter.com/nG20syzIq9
— DW Sports (@dw_sports) January 26, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА