Репрезентациите на Парагвај и Аргентина во петок наутро, по средноевропско време, играат меѓусебен дуел од квалификациите за СП 2026. Аргентина е прва на табелата, додека Парагвајците се на шестото место.
Пред мечот, Парагвајскиот фудбалски сојуз донесе контроверзна одлука за забрана на носење дресови на Лионел Меси на самиот натпревар. Сите оние навивачи кои ќе дојдат на стадонот со дрес со негово име, било клупски или репрезентативен, нема да бидат пуштени на стадион, без разлика на тоа што ќе имаат купени билети.
Претседателот на парагвајскиот сојуз Фернандо Виласбоа ја објасни таквата одлука.
„Никој нема да може да носи аргентински дрес со странско име. Ќе го обоиме целиот стадион во бои на Парагвај и ќе ги поддржиме нашите играчи така како што заслужуваат. Нема да дозволиме туѓи дресови“ – рече Виласбоа.
Парагвајците и претходно забранија веќе носење на дресови на Винисиус Јуниор на миниот натпревар против Бразил. Тогаш тоа го објаснија како безбедносна мерка за да не дојде до судири меѓу навивачите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА