Контроверзни информации од Аргентина: Националната телевизија тврди дека Марадона е жив

Наспроти бројните интернет-медиуми од Аргентина кои тврдат дека почина легендарниот Диего Армандо Марадона, по доживеан срцев удар, Националната телевизија на Аргентина во последната своја вест информира дека Марадона е жив, и покрај тоа што се наоѓа во критична состојба.

Како што објавува Националната телевизија, Марадона доживеал срцев удар но лекарите се уште се борат за неговиот живот иако е во крајно критична состојба. Пред само две недели Марадона имаше операција на мозокот која успешно ја издржа.

Претходно, безмалки сите европски медиуми ја пренесоа веста, преземена од Аргентина, дека 60-годишниот легендарен фудбалер, за жал, не го преживеал срцевиот удар.

 

Се вчитува...