Контроверзниот Бекали убеден: „Ќе ја победиме Шкендија убедливо во Букурешт“

Контроверзниот сопственик на ФЦСБ, Џиџи Бекали веднаш по дуелот во Скопје и поразот (0-1) на неговата екипа од македонскиот шампион Шкендија истакна дека еден ваков пораз бил добредојден за освестување на играчите на романскиот шампион.

Бекали, сепак, е убеден дека ФЦСБ ќе се пласира во 3. квалификациско коло со убедлива победа во Букурешт.

„Ќе се пласираме во следното коло. Добро е што еден ваков кикс ни се случи сега, и знаеме што треба да правиме на реваншот. Не е ништо важно што се случи тука, ќе се пласираме во следното коло со убедлив триумф во Букурешт. Мечот во Скопје беше надвор од наша контрола, и ни покаже дека кога не работите како што треба ќе има лоши резултати. Бевме казнети поради индолентниот однос на одредени играчи. И тоа не смее да се повтори“ – изјави Бекали веднаш по дуелот во Скопје.

Се вчитува...