Контроверзниот Џиџи Бекали полуде на своите фудбалери и во Белград по поразот на ФЦСБ на гостувањето против Црвена Звезда во Лигата на Европа.
Џиџи е романски политичар и бизнисмен кој е сопственик на фудбалскиот клуб ФЦСБ уште од времето кога се викаа Стеауа Букурешт. Тој беше бесен откако неговиот тим загуби со 1-0 од Црвена Звезда во Белград, а 70 минути играа со фудбалер повеќе.
Веднаш по натпреварот во живо во програмата „Прима Спорт 1“, Бекали го критикуваше својот тим…
„Немам што да кажам. Не верувам во овој тим. Малите тимови имаат комбинаторика, знаат каде оди топката. Кај нас – секој прави што сака, стои каде што сака, трча ако му се трча. Тоа е фудбал за забава, не е професионализам. Танасе е добар играч, секогаш го фалев. Но, што е ова? Ја допира топката 75 пати! Зошто ја држи толку многу?! Тоа е можно во Романија, но тука не ти дозволуваат да играш. Како да игра против Металоглобус“, рече Бекали, притоа бранејќи го тренерот, а велејќи дека играчите не се заинтересирани за ништо…
„Можеби е моја вина. Тие повеќе не ги слушаат тренерите поради мене. Секој игра што ќе им падне на памет. За прв пат по 25 години, велам дека не верувам во мојот тим. Игравме со Петролул, најслабиот тим – не можевме да ги победиме. Па што е со Фарул? Ако изгубиме од Фарул, готово е. Во јануари ќе донесам 3-4 играчи. Морам. Особено стоперите. Нгезана ги предизвикува сите проблеми, сè започна од него“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

