Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс од 2018 година е дел од Лос Анџелес Лејкерс, а во 2020 година го предводеше овој славен тим до шампионската титула. Во „виолетово-жолтиот“ дрес испиша и историја станувајќи кошаркарот со најмногу постигнати поени во НБА, а неодамна ја помина и границата од 40 илјади поени.
Сепак овие достигнувања не се доволни за да добие статуa и неговото име да биде впишано меѓу легендите на клубот, смета секогаш контроверзниот Гилберт Аренас.
Говорејќи на подкаст поранешниот НБА кошаркар не се сложи со Кендрик Перкингс дека „Кралот“ заслужува ваква почест од најтрофејната франшиза во силното кошаркарско првенство.
„Мислам дека треба да почнеме да се подготвуваме за статуa на Леброн Џејмс пред арената. Тоа е тоа, нели?“, запраша Перкингс, а Аренас не се согласи со него. „Ако сега ја заврши кариерата, дефинитивно не“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

