Контроверзниот газда на ФЦСБ Бекали: „Ќе донесам нови играчи и ќе ги растуриме Динамо Загреб и Фенербахче“

На 22 јануари, тимот на романскиот првак ФЦСБ гостува во Загреб во рамките од 7. коло во Лигата на Европа, меч кој се игра на 22. јануари идната година. Газдата на романскиот тим Џиџи Бекали уште еднаш е во центарот на вниманието на фудбалската јавност, откако најави дека неговиот тим ќе го растури Динамо Загреб на „Максимир“.

ФЦСБ, кој беше елиминиран од ЛШ од тетовска Шкендија, ги продолжи натпревари и успеа да се пласира во Лигата на Европа, а сега до крајот игра со Динамо, а потоа на домашен терен со Фенербахче.

Бекали најави дека неговиот тим ќе изгледа многу поинаку од сега, и дека ќе издвои победа и против Динамо, и против Фенербахче, и ќе ги продолжи натпреварите во нокаут фазата во Лигата на Европа.

„Сега требаше да имаме 12 бодови, и ќе имаме 12. Зошто да не оствариме две победи? Ќе доведеме нови играчи и ќе ги растуриме. Ќе ги победиме и ќе се квалификуваме понатаму“, самоуверено изјави Бекали.

Бекали велеше дека неговиот тим ќе ја растури Шкендија после поразот од Скопје, но и на реваншот во Букурешт триумфираше Шкендија, па ФЦСБ остана без пласман во групната фаза во Лигата на шампионите.

Се вчитува...