Копа Америка: Канада со реми против Чиле до четвртфинале, нова победа за Аргентина

Фудбалската репрезентација на Канада обезбеди пласман во четвртфиналето на годинашното издание на Копа Америка кое се игра во Соединетите Американски Држави откако утрово успеа да одигра реми 0-0 против репрезентацијата на Чиле во последниот меч од 3. коло во А групата.

Канада успеа да го исконтролира мечот во кој имаше играч повеќе уште од 27. минута од натпреварот.

Аргентина ја забележа и третата победа откако со 2-0 беше подобра од Перу. Стрелец на головите за Аргентина беше Лаутаро Мартинез во 47. и 86. минута. Интересно е тоа што Аргентина промаши пенал преку Леандро Паредес во 72. минута.

Се вчитува...