Копа Америка: „Пекол“ за Бразил, го испушти првото место и оди на Уругвај во 1/4 финалето (ВИДЕО)

Бразил наместо да победи и да го обезбеди првото место во групата, ремизираше со Колумбија, и така сега во 1/4 финалето ќе оди на мегдан со Уругвај, додека првопласираната Колумбија ќе игра против Панама. Со тоа Бразил самиот себе си приреди „пекол“, и ќе мора да одигра три големи дербија ако сака да ја освои Копа Америка.

Бразил ноќеска не играше добро и покрај големите имиња кои ги има, а дополнителен проблем е тоа што во 1/4 финалето нема да може да смета на Винициус кој уште во 7. минута доби жолт картон.

„Селесао“ беше далеку од нивото, а Колумбија рано ја погоди пречката преку Хамес Родригез. Сепак, во 12. минута Рафиња од слободен удар му донесе предност на Бразил. Винициус во 42. минута се обиде да изнуди пенал, но снимката покажа дека Муњоз реагирал пред Бразилецот.

Токму Муњоз во втората минута од судиското надополнување донесе израмнување и бод за Колумбија.

Во вториот меч, Костарика со головите на Калјо и Алкосер го освлада Парагвај. Парагвајците само успеаја да намалат Соса во 55. минута.

Се вчитува...