Репрезентативците на Бразил не сакаат да настапат на Копа Америка, која ќе биде одиграна во период од 13 јуни до 10 јули поради пандемијата на Ковид-19.
Селекторот на Бразил, Тите најави дека одлуката за настап ќе ја донесат по натпреварите од квалификациите за Светското првенство (СП).
„Фудбалерите имаат јасен став и не сакаат да играат на турнирот“, кажа Тите.
Бразилците не се задоволни ниту со односот со претседателот на Фудбалскиот сојуз, кој сакаше да се организира Копа Америка во Бразил. Тите заедно со капитенот Касемиро ќе се појави на прес-конференција кога ќе открие дали ќе настапат на големото натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА