Копа Америка: Венецуела се спаси од Еквадор, последната минута донесе реми и поделба на бодовите

Фудбалерите на Венецуела освоија бод во дуелот со Еквадор во третото коло од групата Б на Копа Америка со голот на Роналд Хернандез во продолжението од натпреварот, па овој меч заврши со конечни 2-2.

Се чинеше дека Еквадорците ќе освојат важни бодови за пласман во следната фаза, но во еден од последните напади, играчот за врска на Венецуела погоди за нерешено.

Исклучително интересен натпревар беше виден во Рио де Жeанеиро. Прво, Пресијадо погоди во 39. минута за 1-0 во корист на Еквадор, а Венецуела израмни преку Кастилја во 51. минута.

Следуваа нови минути кои во целост припаднаа на фудбалерите на Еквадор, па тие дојдоа до нова предност, но на крајот тоа не беше доволно за победа. Венецуела го зазема третото место во групата со два бода. Еквадор е четврти со еден бод.

Се вчитува...