Копа Либертадорес: Се насетува Суперкласико во полуфиналето!

Ривер плата во првиот натпревар од четвртфиналето на Копа Либертадорес славеше против парагвајски Черо Портено со 2-0. Аргентинците до погодоците дојдоа од пенал, но беа далеку подобар противник сосема заслужено стигнувајќи до триумфот.

Ривер реваншот го очекува со одличен резултат, па доколку не успее да ја испушти оваа предност се навестува дека во полуфиналето на Копа Либертадорес ќе ги одмери силите со најголемиот ривал – Бока јуниорс.

Бока во првиот четвртфинален меч како гостин славеше против ЛДУ Квито со 0-3, па веќе е речиси сигурен патник во полуфиналето.

Минатата година Суперкласико имаше во финалето на Копа Либертадорес. Тогаш Ривер беше подобар стигнувајќи до престижниот трофеј.

Се вчитува...