Славата на фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, на Островот достигнува неверојатни размери. Така, копачките на египетскиот репрезентативец завршија во Британскиот музеј во делот каде што е експонирана т.н. египетска колекција.
Копачките на Салах се изложени до мумија и статуа на сфинга од 2.век п.н.е. Токму овој необичен фудбласки експонат се очекува да ги привлече посетителите кои повеќе ги интересираат фудбалските мајстории на фудбалерот на Ливерпул отколку древните фараони.
Салах остави посебен белег на сезоната во која постигна 32 гола во дресот на Ливерпул и стана единствен со вакво достигнување. Од воведувањето на форматот со 38 натпревари во сезоната, ниеден друг фудбалер не успеал да постигне повеќе од 31 гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА