Копанијата на Рони О’Саливен со тужба од 12 милиони евра до Светската снукер организација

Снукер првенствата можат да претрпат голема промена во иднина откако компанијата „NST Worldwide“ каде косопственик е и најдобриот снукер играч на сите времиња, Рони О’Саливен ги тужеше Светската снукер организација и Светската професионална асоцијација за билијард и снукер за „злоупотреба на доминантна позиција“ и бара оштета од околку 12 милиони евра.

Станува збор за „незаконските практики кои ја елиминираат конкуренцијата“ кои ги спречуваат играчите да се натпреваруваат на турнири со оглед на тоа што Светската снукер организација блокираше организација на два од четирите најавени турнири од страна на компанијата „NST Worldwide“.

Играчите кои играат снукер под покровителство на оваа организација имаат потпишано договори со кои им се забранува да се појавуваат на настани организирани од конкуренцијата, освен ако Светската снукер организација не одлучи поинаку.

Се вчитува...