На Копенхаген ќе му биде неопходна помош од трибините за да го елиминира Вардар, па данскиот првак за таа цел ќе ги „мотивира“ своите навивачи со бесплатно пиво пред почетокот на натпреварот.
Од раководството на данскиот првак објавија дека вратите на фан-зоната ќе бидат отворени уште во 16 часот, а за „загревање“ на фановите првите 100 литри пиво од спонзорот „Карлсберг“ ќе бидат бесплатни за фановите.
„Настанот со име „Трето полувреме“ ќе почне во 16 часот и ќе обезбеди 100 литри пиво за навивачите што ќе дојдат на стадионот. Ќе запалиме и скара, а и внатрешниот бар ќе биде отворен. Како и секогаш, ќе има продукти по примамливи цени за сите оние кои имаат сезонски билети“ – се вели во информацијата на клупската веб-страница на данскиот шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА