Копенхаген, Фенербахче, Пафос и Глазгов Ренџерс му се приклучија на Карабах во плеј-офот во ЛШ

Познати се уште четири учесници во плеј-офот во Лигата на шампионите. После Карабах, „билет“ за последното квалификациско коло пред групите изборија и Копенхаген, Фенербахче, Пафос и Глазгов Ренџерс.

Копенхаген со убедливи 5-0 го совлада „соседниот“ Малме. Првиот меч заврши без голови, а во вториот данскиот тим се „распука“. Хуескас, Робер два гола, Елијонуси и Матсон беа стрелци на головите за убедлива победа.

Фенербахче предводен од Жозе Мурињо исто така се пласираше понатаму, и покрај поразот во Ротердам со 2-1. На домашен терен Фенер победи со 5-2, и така продолжи во следната фаза. Браун, Дуран, Фред, Ен Несири и Талиска беа стрелци на головите за Фенер, додека Ватанабе постигна два за холандскиот тим.

ПАФОС од Кипар е најголемото изненадување во квалификациите за ЛШ, откако успеа да го елиминира големиот Динамо Киев. Го победи со 2-0 и на реваншот, откако на првиот меч на наутрален терен во Полска победи со 0-1.

Викторија Плзен и покрај победата со 2-1 над Глазгов Ренџерс, сепак, шкотскиот тим успеа да се пласира во следната фаза благодарение на победата на првиот меч со 3-0.

Копенхаген ќе игра против Базел, додека останатите тимови ги чекаат ривалите кои играат вечерва.

Се вчитува...