Копенхаген го „тресна“ Јунајтед и ја продолжи мизеријата на Тен Хаг (ВИДЕО)

Фудбалерите на Копенхаген стигнаа до најголемата победа во клупската историја откако вечерва во неверојатен натпревар откако славеа на домашен терен против Манчестер јунајтед со 4-3.

И двата погодоци за гостите за водство од 0-2 ги постигна данскиот репрезентативец и поранешен член на Копенхаген, Расмус Хојлунд. Сепак за да не биде се перфектно за „црвените-ѓаволи“ се погрижи Маркус Рашфорд кој во 43. минута по еден неспретен старт доби директен црвен картон. Сето тоа го искористија домаќините кои успеаја да намалат на 1-2 преку Елуниси во 45. минута, додека на 2-2 израмни Гонсалвес во 49. минута.

Натпреварот беше во прекин откако навивач влета во терен со палестинско знаме. За време на 17. минута од мечот на легендарниот „Паркен“, човек од трибините влезе на терен со знаме на Палестина. На него стоеше „престанете да убивате деца во Газа“. Тој го претрча целиот терен со знамето во рацете.

Во второто полувреме гостите стигнаа до ново водство преку Бруно Фернандеш од пенал во 69. минута, додека гостите повторно израмнија (3-3) преку Лерагер во 83. минута. Големата победа за данскиот тим ја донесе Барџи во 87. минута.

Copenhagen [4] – 3 Manchester United – Roony Bardghji 87'
byu/PSGCampus insoccer

РЕЗУЛТАТИ ЛШ ПОЛУВРЕМЕ:

АРСЕНАЛ – СЕВИЛЈА 2-0

РЕАЛ М. – БРАГА   3-0

КОПЕНХАГЕН – МАНЧЕСТЕР Ј. 4-3

САЛЦБУРГ – ИНТЕР   0-1

БАЕРН М. – ГАЛАТАСАРАЈ   2-1

ПСВ – ЛЕНС 1-0

НАПОЛИ – У. БЕРЛИН 1-1

РЕАЛ СОСИЕДАД – БЕНФИКА 3-1

Се вчитува...