Челниците на Атлаанта и тренерот Гасперини не го кријат разочарувањето од Теум Копмајнерс, откако холандскиот репрезентативец влегол во војна со тимот од Бергамо – се со цел што побрзо да добие зелено светло и да се пресели во Јувентус.
Овој фудбалер за врска уште пред ЕВРО 2024 ги договори личните услови со „старата дама“, но Јуве се мачи да најде заеднички јазик со Аталанта која инсистира на отштета од 60 милиони евра. Поради ова, Холанѓанецот се решил на радикални мерки во обид да го забрза целиот процес.
„Копмајнерс е решен да замине во Јувентус, има договор со нив и сега не сака да тренира повеќе со нас. Јас како тренер можам да кажам дека тој нема да одигра веќе ниту еден меч. Клубот се чувствува уценето“, изјави тренерот Гасперини.
Останува да се види дали ваквиот развој на настаните ќе придонесе Аталанта да ги намали барањата, или пак ќе проработи инаетот и преговорите дополнително ќе се искомпликуваат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА