Второлигашот Кит-Го донесе одлично засилување за пролетниот дел од сезоната во ВМФЛ. Се работи за колумбискиот интернационалец Александер Борха Кордоба кој во првиот дел од сезоната ги бранеше боите на велешки Борец.
Со заминувањето на главниот спонзор на тимот, Кочо Анѓушев, фудбалерите добија дозвола без оштета да го напуштат велешкиот тим, па затоа Кордоба одлучи да премине во Кит-Го.
Борха покрај Борец, во мак-фудбалот настапуваше и за Пелистер, Работнички и Локомотива.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА