Крилниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа по 11 годиин ќе го напушти шпанскиот тим, и кариерата ќе ја продолжи во Мексико. 30-годишниот Аргентинец е блиску до трансфер во тимот на Тигрес. Целата зделка би требало да чини околу 6 милиони евра.
Според шпанските медиуми, 30-годишниот фудбалер се согласил на договор со мексиканскиот клуб. Оваа сезона Кореа одигра 28 меча за Атлетико Мадрид, и постигна три гола и една асистенција.
Кореа дојде во Атлетико во 2014 година, беше дел од тимот во најблескавите мигови во освојувањето на Ла Лига во сезоната 2020-21, а беше дел и од финалето во Лигата на шампионите. Со тимот ја освои Лигата на Европа во сезоната 2017-18.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

