Интер ја запиша седмата победа во италијанското првенство откако славеше на домешен терен над Удинезе со 2-0. Херој на „нероаѕурите“ беше Жоакин Кореа кој со два гола во 60. и 68. минута го скрши отпорот на гостинот за нови три бода.
Кореа ова лето пристигна во Интер од Лацио, а полека ја фаќа формата која го красеше претходната сезона. По мечот токму на оваа тема говореше и 27-годишниот напаѓач.
„Беше многу комплициран натпревар и беше важно да се освојат трите бода, немаше многу простор, но ние никогаш не престанавме да го играме нашиот фудбал. За жал повредите го забавија мојот напредок оваа сезона, но се враќам во форма и ќе се обидам да му помогнам на тимот на кој било начин. Работите не ми одеа добро ниту во првото полувреме, но никогаш не престанувам да се обидувам. Сега мораме да продолжиме по овој пат, бидејќи сите во тимот го сакаме истото“, изјави Кореа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА