Корејскиот тенисер Дак хи Ли влезе во историјата, откако стана првиот глув тенисер кој успеал да стигне до победа на натпревар на АТП турнир. Тој на турнирот во Винстон Селем во првото коло го совлада Швајцарецот Хенри Лаксонен со 2-0 (7-6 и 6-1). По турнирот 21-годишникот имаше емотивна изјава во која кажа дека како млад бил исмејуван поради хендикепот, но дека со победата успеал да им ја затвори устата на сите кои не верувале во него.
„Луѓето ме исмејуваа поради мојот хендикеп и ми говореа дека не треба да играм тенис. Дефинитивно беше тешко, но моето семејство и пријателите ми помогнаа сето тоа да го пребродам. Сакав на сите да им покажам дека можам. Мојата порака е – ако работиш напорно, можеш да постигнеш се“, изјави Ли.
Тој во второто коло ќе се сретне со полскиот тенисер Хуберт Хуркач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА