Кореецот Сон – најдобар фудбалер на Азија за 2017 година

Кореецот Сон Хјунг Мин е добитник на наградата за најдобар азиски фудбалер за 2017 година, по одличните настапи што овој фудбалер ги имаше во дресот на Тотенхем. Сон сезонава постигна дури 18 погодоци, со што стана најдобар азиски стрелец во Премиер-лигата пред сонародникот Парк Џи Сунг.

„Честитки за Сон Хјунг Мин, кој по трет пат е избра за најдобар фудбалер на Азија“ – се пофали Тотенхем на своите профили на социјалните мрежи.

Претходно корејскиот фудбалер го доби истото признание во 2014 и во 2015 година, а сезонава стигна до наградата пред Шинџи Оказаки од Лестер, Шинџи Кагава од Борусија Дортмунд и Арон Мој од Хадерсфилд.

Се вчитува...