Репрезентацијата на Јужна Кореја со Б-тим ќе настапи на Светското првенство во Египет. Причината за ваквиот потег е тоа што од ракометната федерација на оваа земја одлучија дека главна цел оваа година се квалификациите за Летните олимписки игри во Токио.
На шампионатот во Египет, Јужна Кореја ќе настапи со ракометари помлади од 23 години, а првиот тим ќе остане во карантин како не би дошло до несакано заразување. Јужна Кореја на шампионатот е во групата Х заедно со репрезентациите на Словенија, Русија и Белорусија.
Very surprising news from the Korean national team.
Their main team is preparing for the qualification for the Olympics and due to the quarantine rules they decided to play with a B-team in Egypt. Players from 1998 and younger!#handball #Egypt2021
— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) January 14, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА