Ракометната Федерација на Македонија денеска објави крај на сезоната без да биде именуван шампионат, а од „куќата на ракометот“ стигна и најава за коренити промени во системот за натпреварување веќе од самиот почеток на следната сезона.
Имено, Супер-лигата наместо досегашните 10 во сезоната 2020/21 ќе брои дури 16 клубови, при што на десетте од сезонава (во која ќе нема испаѓање), ќе им се приклучат и двата СЕХА-лигаши Вардар и Пелистер, кко и четирите најдобри тимови од Првата лига (по двете најдобри екипи од двете први лиги за сезоната 2019/20).
Притоа, овие 16 тима ќе бидат поделени во две групи од по осум екипи, од кои најдобрите четири од секоја група ќе се пласираат во плејофот, а останатите во плејаут ќе разигруваат за опстанок.
Според писмото што РФМ го испрати до клубовите, тие ќе имаат можност за предлог и реакција до 23 април, кога Управниот Одбор ќе го разгледува и ратификува системот за натпреварување за следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА