ЦСКА Москва успешно ги финишираше преговорите со Кори Хигинс, денеска потпишувајќи нов двогодишен договор со американскиот кошаркар. Хигинс во двете сезони минати во ЦСКА помогна тимот да се врати на тронот на европската кошарка, а лани исто така имаше низа одлични партии во дресот на гигантот од Москва.
Тој имаше просек од 9,5 поени по натпревар (трет во ЦСКА, зад Де Коло и Теодосиќ), шутираше тројки со 40,3% прецизност, воедно и играше одлична одбрана, што беше доволна причина Итудис да инсистира на негово останување во Русија. Двете страни се договорија за продолжување на соработката, па Хигинс денеска и официјално го стави својот потпис на новиот договор со ЦСКА Москва.
Само за потсетување, ЦСКА пред дваесетина дена ја напушти резервниот плејмејкер Арон Џексон, на чие место беше ангажиран Лео Вестерман од Жалгирис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА