Старо-новиот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри се врати во Торино после две сезони, откако во првиот мандат за пет години освои пет „скудета“, четири купови и двапати играше финале во ЛШ, а во новиот мандат планира потемелна реконструкција на тимот.
„Кориере дело Спорт“ објави дека прва цел на Алегри е да ги врати Пол Погба од Манчестер јунајтед и Миралем Пјаниќ од Барселона во својот тим, а во новиот тим не му требал Кристијано Роналдо, па Португалецот има зелено светло за да си замине ако најде подобра дестинација.
Како што пишува весникот, Алегри нема да го пречкрта Роналдо и да му соопшти дека не смета на него, но на управата ѝ порачал дека португалскиот ас е слободен да си замине ако тоа го посакува. Во преден план на Алегри за нападот му биле Пауло Дибала и Алваро Мората.
Дури побарал од управата да му ги донесат Мауро Икарди, контроверзниот Аргентинец од ПСЖ и екс-ѕвезда на Интер и српската ѕвезда Душан Влаховиќ од Фиорентина со што би добил одлична длабочина во напаѓачкиот дел и голема конкуренција, што може да изроди само квалитет, а поради настапите на неколку фронта, сите би имале доволна минутажа и би ја задржале свежината во текот на целата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА