Угледниот „Кориере дела Сера“ го оцени со висока осумка придонесот на македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас во првата титула на Наполи по цели 33 години пауза.
Елмас партиципираше со шест гола и три асистенции во Скудетот на наполитанците, но пред се и поради своите игри на терен „Кориере“ оцени дека е еден од најзаслужните за трофејот кој го израдува цел Неапол.
„23-годишниот Елмас беше еден од најомилените фудбалери на Лучијано Спалети за третата титула на Наполи, најмногу поради универзалноста и можноста да го користи на многу позиции, па дури и како ‘лажна деветка’ и центарфор во отсуство на Осимен и Симеоне. Головите и асистенциите, вкупно девет, само го потврдуваат големиот придонес“ – се вели во објаснувањето за Елмас.
Според оценките на „Кориере“ пред Елмас се тренерот Лучијано Спалети, како и Џовани Ди Лоренцо, Ким Мин Јае, Станислав Лоботка, Виктор Осимен и Квича Кварацхелија кои имаат оценка – девет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА