Понекогаш не е доволно да имате ново и безбедно возило за да се чувствувате сто процентно сигурно зад воланот, ниту пак ќе можете да го очекувате врвниот перформанс на автомобилот доколку не користите квалитетни горива. Од неодамна ЛУКОИЛ на своите бензински станици почна да ги продава новите подобрени ЕКТО бензини кои ветуваат зголемена моќност на автомобилот, економичност и еколошки својства.
За таа цел ги прашавме нивните корисници колку се задоволни од подобрените својства на новата верзија на ЕКТО, ова се нивните изјави:
Тамара Филиповска, управител на „ПЕТРОЛ ПЛУС“
„Петрол Плус“ како транспортна компанија започна да ги користи горивата ЕКТО од самиот почеток. Како компанија која работи на намалување на трошоците на големи возни паркови пресудно беше да се одлучиме за добавувач на гориво кој ќе овозможи квалитет и економичност. Нашите клиенти ги користат сите горива на ЛУКОИЛ вклучувајќи ги ЕКТО Спорт, ЕКТО Плус и ЕКТО Дизел. Не радува тоа што постојано работат на подобрување на квалитетот на горивата и не застануваат на место. Од оваа есен понудија уште подобрени ЕКТО бензини што ние како потрошувачи ја почувствуваме таа разлика како во однос на моќноста на моторот така и во однос на заштедата.
Зимскиот период е на прагот, а со тоа и условите за движење низ сообраќајот станува поотежнат. Една од моите најголеми пасии е патувањето, без разлика дали станува збор за приватна организација или пак службена обврска, уживањето е подеднакво. Во зимскиот период често знам да отпатувам на планина и бидејќи приватно користам дизел за мојот автомобил, ЕКТО Дизелот за време на овој период секогаш го користам бидејќи ми дава чувсто на сигурност и знам никогаш нема да ме остави на патот.“
Емил Шестаков, оперативен менаџер „Берово Транс“: „Како менаџер на голема транспортна компанија безбедноста и економичноста на нашите возила се секогаш примарна и појдовна точка. Низ долгогодишното искуство во овој бизнис сектор научив дека нашата доверба ја подаруваме само на оние кои ни нудат врвна услуга. Кога станува збор за гориво и бензински станици најдобрата услуга ја добиваме од ЛУКОИЛ. За нас како голема компанија со голем број на транспортни возила и вработени примарно е да имаме ажурна евиденција на трошоците. Услугата на ЛУКОИЛ за онлајн евиденција ми помага да имам контрола и прегледност за времето, местото и количината на наполнетите ЕКТО горива.
Тука можам да го испијам утринско кафе и да ги направам финалните проверки на возилото пред пред да започне работниот ден. Љубезноста и услугата која ја добивам овде е секогаш на врвно ниво.
За нас е многу важно да имаме достап до висококвалитетни моторни горива на ниво „премиум“, по иста цена како и горивата од економска класа кои се продаваат во земјата.“
Станојко Филипов „Елка-Филипови“: „Како самостојна транспортна семејна компанија која успешно опстојува на македонскиот пазар повеќе од 20 години ЛУКОИЛ е нашиот сигурен партнер кој ни овозможувa домаќински да си го водиме транспортниот бизнис. ЛУКОИЛ е светски бренд и она што посебно ни значи се нивните напори секогаш да ни понудат нешто повеќе и да го подобруваат квалитетот на своите производи притоа запазувајќи ја економичноста.
За мене синоним за доверба е ЛУКОИЛ која наметна нови и повисоки стандарди на работа во нафтениот бизнис и во изградбата на бензинските станици. Благодарејќи на нив во Македонија има пристап до моторни горива со висок квалитет кои се користат во земји како Белгија, Холандија и други европски држави“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА