Корнер на „балкански начин“ – Паје изведува, двајца го штитат со мрежа (ФОТО)

Четвртфиналето од Конференциската лига помеѓу Марсеј и Паок ни го донесе голот кој ќе конкурира за наградата „Пишкаш“, но и смешна сцена која повеќе наликува на натпревар на Балканот отколку во Франција, а во центарот на вниманието повторно беше Димитри Паје.

Имено, во 66. минута при изведување на корнер, Французинот беше мета на грчките навивачи кои гаѓаа со разни предмети, а за да го заштитат стујардите мораа да искористат мрежа.

Се вчитува...