Коронавирусот продолжува да прави пустош во светскиот спорт, па неполн час по обелоденувањето на информацијата за позитивниот тест на Кристијано Роналдо, објавено е дека позитивен на Covid-19 е и најскапиот европски кошаркар, Никола Миротиќ.
Барселона вчера објави дека по дуелот со Зенит, тим со најмногу случаи во Евролигата, каталонскиот гигант имал кошаркар позитивен на коронавирус. Идентитетот вчера не беше објавен во јавноста, за денеска самиот Миротиќ да објави дека е позитивен и се наоѓа во самоизолација.
„Сакам да ве информирам дека добив позитивни резултати на тестирањето од Covid-19 и за жал нема да можам да настапам на денешниот натпревар. Се чувствувам добро, ги следам лекарските препораки. Им посакувам на соиграчите многу среќа, ќе навивам за нив од далечина“, порача Миротиќ.
Добра вест за Барса е што тренерот Шарунас Јасикевичиус оздраве од коронавирус и ќе може да го води тимот на вечерашниот дуел со Валенсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА