Дуелите меѓу ЦСКА Москва и Фенербахче требаше да бидат меѓу најинтересните во четвртфиналето од Евролигата, но тоа нема да биде случај бидејќи турскиот тим ќе биде сериозно ослабен поради проблеми со коронавирусот.
Фенербахче во изминатата седмица пријави осум позитивни случаи на Covid-19 во своите редови, пет од нив на кошаркари од тимот на Кокошков. Сепак, Евролигата беше децидна дека нема да има одлагање на четвртфиналните дуели, па турскиот гигант утре преполовен ќе отпатува во Москва.
Имињата на позитивните кошаркари не се обелоденуваат во јавноста, но јасно е дека со десеткуван состав шансите на Фенербахче за триумф на првите два меча во Москва (закажани за среда и петок) се сведуваат на минимум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА