Корона-хаос во Шкотска: Одложени средбите на Селтик и на Абердин

Шкотската Премиер-лига по само две комплетирани кола се соочува со сериозни проблеми откако беше обелоденето дека Селтик и Абердин ќе мораат да ги одложат своите наредни две средби поради непочитување на протоколите од страна на фудбалери на овие клубови.

Звучи неверојатно, но дефанзивецот Боли Болинголи отпатувал на еден ден во Шпанија и тоа не го пријавил кај управата на Селтик. Менаџерот Нил Ленон го уфрлил Болинголи во игра на последниот натпревар, бидејќи никој не знаел дека овој фудбалер мора да биде во 14-дневна самоизолација, а не во составот. Фудбалерот го очекува жестока казна, а Селтик поради овој инцидент мораше да ги одложи дуелите со Сент Мирен и со Абердин.

Што се однесува до Абердин, одлагањето следи откако беше обелоденето дека осум фудбалери на овој тим не ги следеле препораките, па завршиле заедно во паб до раните утрински часови.

Се вчитува...