Корона Киелце го сака Јани Атанасов

Јани Атанасов би можел зимава да ги смени клупските бои, но да остане во Полска. Според информациите од таа земја, тимот на Корона Киелце е заинтересиран за услугите на македонскиот репрезентативец.

Моменталниот тренер на Корона, Јачек Зиелински работеше во Краковија, и добро ги познава квалитетите на Атанасов, па сега го сака и во својот сегашен клуб.

Атанасов има договор со Краковија до јуни 2026 година, и сега се е во рацете на неговиот тим, кој треба да каже колку бара отштета од Корона за својот фудбалер, ако се согласи да го пушти да направи трансфер.

Се вчитува...